COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

57 нови случаи на Covid-19, во Охрид нема новозаболени лица

Скопје, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 808 тестови, при што се регистрирани 57 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 38
• Битола и Прилеп по 5
• Штип 4
• Кавадарци, Велес, Струга, Неготино и Крушево по 1

Од вкупниот број на позитивни (57), регистрирани се 15 реинфекции.

Регистрирани сe 9 оздравени пациенти од:

• Скопје 8
• Македонски Брод 1

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Струга (86 година), и истото е починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, нема регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.177.967 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.722, бројот на оздравени пациенти е 333.833, на починати е 9.554 а бројот на активни случаи изнесува 335. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука