Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на МВР: Две лица од Струга физички се пресметале пред угостителски објект

Струга, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти октомври 2022 година, во 20:30 часот во ОВР Струга било пријавено дека пред угостителски објект во Струга, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 39-годишниот Н.Ч. и 34-годишниот И.Ц., двајцата од Струга, во која бил употребен и тврд предмет.

– По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука