Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Се асфалтира улицата „Будва“

Охрид, 18. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков изврши увид на градежните активности за асфалтирање на улица „Будва“.

Денеска стартуваше првата фаза и се асфалтираше еден крак во должина од 250 метри. Активностите за асфалтирање на улица „Будва“ продолжуваат и во наредните денови. Претходно екипи на ЈП „Нискоградба“ на оваа улица работеа на поставување на нова атмосферска канализација. Вредноста на проектот изнесува 7.000.000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид.

Градоначалникот ги посети и подготвителните работи за асфалтирање на улицата „Прилепска“. На овој дел крај реката Сушица се уредува и речното корито. Дополнително ќе се постави нова атмосферска канализација, ќе се изградат нови тротоари, а сите кабли ќе бидат поставени под земја по што ќе следува асфалтирање на улицата.

Исто така градоначалникот изврши увид и во Лескоец каде се работи на поставување на нова водоводна линија која е во должина од 600 метри. Со завршувањето на оваа активност домаќинствата кои живеат на оваа улица ќе бидат приклучени на новата линија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука