Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

ODW-Elektrik: Вработувањето никогаш не било полесно

Охрид, 21. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Приклучете се на најдобриот тим во регионот, тимот на ODW-Elektrik Македонија.

Со цел да го задоволиме зголемениот обем на работа, зголемената побарувачка од купувачите низ целиот свет, потекнати од постојани нови проекти и производи, вработуваме Работници на производна лента.

Потребни квалификации:

Станете дел од нашиот тим и откријте го тоа што е надвор од вашата моментална граница. Вие сте повеќе од вашата биографија, повеќе од вашето образование, повеќе од вашето претходно работно искуство.
Вработувањето никогаш не било полесно, се’ што треба е да ги исполнувате следниве квалификации:

• Амбиција, желба за напредок
• Способност за индивидуална и тимска работа како и способност за работа под притисок
• Одговорност, посветеност, навремено извршување на работните активности
• Енергичност, позитивен однос кон работата
• Самоиницијативност и мотивираност
• Почитување на правилата во производство
• Секоја дополнителна квалификација е добредојдена – формално образование, познавање на странски јазик и слично.

Кој е ODW-Elektrik?

Ние сме КУЛТУРА чиј опстанок зависи од континуираниот развој. СРЕДИНА во која постојано се потребни вработени кои имаат амбиција да ги подобрат своите вештини. ВЕТУВАЊЕ дека секој вработен подеднакво може да цели кон врвот и да има успешна кариера. И се разбира, ТИМ кој на прво место се грижи за своите вработени со јасна политика за унапредување и селекција на раководители од страна на сопствените кадри на компанијата.

ODW-Elektrik е фирма во семејна сопственост на три основачки семејства, глобален производител на кабли за автомобилската индустрија, основан во Steinau, Германија. Во моментов располага со свои производни погони во Германија, Унгарија, Украина, Македонија и Мексико и има околу 3.000 вработени.
ODW-Elektrik Македонија е основан во Охрид во 2014 година. Во моментов располага со 9.000 м2 производна површина и над 800 вработени во ТИРЗ Струга. Освен редовна месечна плата, нудиме бесплатен превоз за сите вработени, топол оброк во просториите на фабриката и приватно дополнително здравствено осигурување за болнички третман до 10.000 евра годишно по вработен во сите приватни болници во Република Македонија.

Како да станете дел од тимот на ODW-Elektrik?

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат очекувањата на ODW-Elektrik може да достават кратка биографија и мотивациско писмо на следнава електронска пошта:

Personalwesen-MK@odw-elektrik.com или преку повик на телефонскиот број: 071/353-820.

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука