ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Продолжениот викенд солидно го исполни Охрид со гости (Фото)

Охрид, 22. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Продолжениот празничен, октомврски викенд солидно го исполни со гости Охрид, најголемиот туристички центар во Република Македонија.

Групи од Грција, Србија, Албанија и Бугарија се најбројни во центарот на градот, но не е мал бројот на домашни гости и посетители од други земји во светот.

Сончевото време и продолжениот викенд направија градот да наликува како во периодот пред летото. Кафитериите и хотелите се солидно исполнети со гости, а видна е и раздвиженоста во рестораните и останатите угостителски објекти и дуќани во стариот дел на градот и охридската чаршија.

Од УХМР и за следните денови најавуваат дека ќе се задржи претежно сончево и значително потопло време со услови за појава на утринска магла по одделни котлини. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука