Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Регионална конференција во Охрид за развој на авантуристички туризам во државите од Западен Балкан

Охрид, 26. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од утре до сабота во Охрид ќе се одржува регионален собир за развој на авантуристички туризам во државите од Западен Балкан.

Ќе присуствуваат туроператори кои работат со авантуристички туризам и давателите на патнички услуги од регионот на Западен Балкан.

– Настанот претставува единствена можност за учесниците да разменат искуства, идеи, производи и експертиза во однос на авантуристичкиот туризам. Собирот е дел од тековната соработка на проектот за поддршка на економската диверзификација во руралните средини (СЕДРА II) на GIZ и регионалниот проект на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата, информираат организаторите, Германското друштво за меѓународна соработка (GIZ) и регионалниот проект на УСАИД за Економски развој, управување и раст на претпријатијата заеднички.

Воведните говори ќе ги одржат вршителот на должноста Амбасадор на САД, неговата екселенција Ерик Мајер, Флориан Трегер-Стајнтјес, раководител на Секторот за култура и медиуми во Амбасадата на Германија, Мартин Хибш, Програмски менаџер на GIZ и Јасминка Варналиева, раководител на проектот на УСАИД за економски развој, управување и раст на претпријатијата (EDGE). (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука