Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Охридски приказни ТОП ВЕСТИ

Цветлана Винцензи- Маркулевска во „Охридски приказни“: Вистинските вредности се трајни и не се менуваат

Охрид, 27. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Местото од кое потекнуваме, градот на нашето детство и нашата младост е всушност градот со кој се идентификуваме, вели Цветлана Винцензи- Маркулевска, која е дел од „Охридските приказни“, кои во текот на октомври се раскажуваат во охридското „Форт кафе“.

– Охрид го паметам по езерото, по Водици, по Охридско лето, Самуиловата тврдина, Св. Софија… Таков го знам и денес. Вистинските вредности се трајни и не се менуваат. Инстант вредностите траат толку колку што вредат, зш Охрид е градска приказна, вели Винцензи- Маркулевска.

Интервјуто е најава за уште едно уникатно доживување кое ќе се одржи вечерва во „Форт кафе“, со почеток во 19:00 часот. Настанот ќе се одржи во музичка поддршка на популарниот Ѓоко Танески.

– Полни 10 години Цветлана Винцензи- Маркулевска е лиценциран актуар, една од најретките професии. Дипломиран менаџер по осигурување, а во моментов работи како овластен актуар во Скопје и е претседател на македонското актуарско здружение. Повеќе од 100 години, актуарите во светот ја даваат својата експертиза во управувањето со ризик во осигурувањето на живот, неживотното осигурување, пензиското и здравственото осигурување. Нејзината цел и пасија е да придонесе за промовирање и признавање на актуарството како една сеопфатна, интересна и значајна професија. Охрид е нејзиниот град, град на нејзината младост, град во кој живее и град каде растат нејзините деца, информираат од „Форк кафе“.

Со неа ќе разговараме каков сакаме и каков може и треба да биде Охрид, затоа што Охрид сме сите и сите сме Охрид.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука