
68 нови случаи на Covid-19, во Охрид нема новозаболени и оздравени лица
Скопје, 27. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 659 тестови, при што се регистрирани 68 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.
По градови:
• Скопје 50
• Прилеп 5
• Кавадарци и Штип по 3
• Куманово, Битола и Велес по 2
• Кичево 1
Од вкупниот број на позитивни (68), регистрирани се 20 реинфекции.
Регистрирани сe 40 оздравени пациенти од:
• Скопје 32
• Битола 3
• Гостивар и Неготино по 2
• Штип 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83 години), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, се регистрирани две починати лица од Битола (81 години) и Прилеп (71 години), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18-ти до 28-ми септември 2022 година.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.930 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.031, бројот на оздравени пациенти е 334.202, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 265. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство


@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |