Економија Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Видеолотарија донираше игралиште во Липково, наскоро и Охрид ќе добие мултифункционално игралиште

Скопје/Охрид, 28. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија касинос Австрија продолжува со амбициозниот проект за повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја.

По реконструираните ракометни игралишта во Свети Николе, Битола и Гевгелија, пуштено е во функција и мултифункционалното игралиште во Општина Липково.

– Со донација од 3.284.819 денари Видеолотарија го пушти во употреба и четвртото игралиште од проектот за изградба на повеќенаменски и спортски игралишта низ целата земја. Најновото реконструирано игралиште се наоѓа во ООУ Рилиндија, село Лојане, Општина Липково. Игралиштата се дел од компаниската стратегија за повеќегодишно вложување во спортот, а со цел постигнување на врвни спортски достигнувања и мотивирање на младите активно да се посветат на спортот. Следното мултифункционално игралиште чија реконструкција е во завршница, е во Охрид, информираат од Видеолотарија.

Додаваат дека на ваков начин, ги реализираат општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука