COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

44 нови случаи на Covid-19, две новозаболени и едно оздравено лице од Охрид

Скопје, 28. октомври 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа, направени се 543 тестови, при што се регистрирани 44 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 29
• Битола, Прилеп, Охрид, Гостивар и Кочани по 2
• Струмица, Штип, Радовиш, Берово и Виница по 1

Од вкупниот број на позитивни (44), регистрирани се 13 реинфекции.

Регистрирани сe 47 оздравени пациенти од:

• Скопје 37
• Битола, Прилеп и Струмица по 2
• Охрид, Куманово, Велес и Неготино по 1

Во текот на изминатите 24 часа, не се регистрирани починати. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Covid-19 од „Мој Термин“, не се регистрирани починати.

Досега во земјата се направени вкупно 2.182.473 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.075, бројот на оздравени пациенти е 334.249, на починати е 9.564, а бројот на активни случаи изнесува 262. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука