Забава Избор

Охриѓанецот Пајак и Лара веќе недела дена на трето место во трендинг на YouTube

Охрид, 1. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Младите ѕвезди Лара Иванова и охриѓанецот Пајак се познати како исклучително перспективни музичари, а нивниот нов дует „Bella“ донесе модерен младешки звук на домашната музичка сцена.

Хитот „Bella“ со кој се претставија на овогодинешното издание на Макфест, е спој помеѓу трап и поп музиката, а дека публиката е воодушевена, го потврдува фактот што веќе недела дена се наоѓа на третото место во трендинг на YouTube каналот.

Успехот на песната се должи на комбинацијата на нивните импресивни вокали и младешката позитивна енергија со која зрачат овие двајца млади пејачи.

Инаку, ова е прв пат Лара и Пајак да „вкрстат“ гласови, но со оглед на тоа дека хитот има многу добар фидбек од публиката, сигурно нема да биде последна соработка. Текстот и музика на песната се со потпис на Пајак, а аранжманот е дело на Иван Јованов -Ивајо. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука