Избор Охрид

Селата Велмеј и Лешани ќе добијат канализациона мрежа

Охрид, 13. јуни 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов жителите на селата Велмеј и Лешани ќе се запознаат детално со проектот за изградбата на канализациона мрежа.

Ќе има презентација на планот и проектот, како и фазите во кои ќе се одвива изградбата на канализационата мрежа.

Вечерва ќе има работен состанок со жителите на село Велмеј со почеток во 20:30 часот.

Утре, 14-ти јуни, во село Лешани со почеток во 20:30 часот, ќе има претставување на проектот за тој потег во Општина Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави