Економија Избор Локална самоуправа Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

Пецаков: 22 милиони евра е вкупниот долг на Општина Охрид, го намаливме за околу 300 илјади евра

Скопје/Охрид, 6. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вкупниот долг заедно со образованието во Охрид изнесува 22 милиони евра и тоа е почетната точка од која што почнавме, рече д-р Кирил Пецаков, градоначалник на општина Охрид на денешниот политички саем на трибината „Промени што носат иднина во Југозападниот регион“ и додаде дека освен исполнување на ветеното од програмата и реализација на проектите кои што ги ветил.

Тој посочи дека предизвик за него е и намалување на долговите кои ги наследил од претходниот градоначалник од СДСМ.

– Освен сето она кое што сме го ветиле пред граѓаните во програмата, еден од предизвиците е и раздолжување на општината односно намалувањето на долговите. Прилично сум среќен и задоволен што можам да кажам дека од околу 21 милион денари долгови во образованието, долгот е нула денари. Што значи дека го исчистивме долгот во образованието. Главниот долг на општината е намален за околу 300 илјади евра. Во Охрид се реализираа голем број на проекти од големо значење за охриѓани, инфраструктурни проекти, нови мултифукнционални игралишта, како и изградба на пречистителна станица. По однос на проектите кои што се поврзани со програмата, а за нас се капитални и клучни, имавме ветено основно училиште, го завршивме проектот, сега следи буџетирање дали ние или со некаква апликација, изградба на пречистителна станица е завршен проект, изградба на ново водоснабдување на Охрид каде што преку 60 проценти од територијата ќе се снабдува од нов извор, изјави Пецаков.

Тој додаде дека заклучно до 31-ви декември, Општина Охрид ќе има 27 проекти подготвени веднаш да се реализираат, дали од наш буџет или пак преку аплицирање од некои фондови, грантови од банки.

– Оваа година изработивме и мислам дека граѓаните тоа го препознаат, заклучи Пецаков. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука