Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

ООУ „Дебрца“ го прослави патрониот празник (Видео)

Белчишта, 11. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со видео обраќање од учениците и наставниците, ООУ „Дебрца“ денеска го прослави патрониот празник.

– Уживајте во насмевките, игрите и радоста на нашите вредни ученици и нивните горди наставници. Честит празник ООУ „Дебрца“, напишаа на официјалниот профил на Facebook, каде беше објавен и пригодниот видео материјал.

Денес, по повод патрониот празник, делегација на училиштето положи свежо цвеќе и им оддаде почит на борците од Првата македонско-косовска ударна бригада, која на овој ден, во 1943 година беше формирана во село Сливово, Општина Дебрца. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ООУ „Дебрца“

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука