Објавени резултатите од повторениот конкурс за сместување во студентскиот дом во Охрид
Охрид, 11. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од Министерството за образование и наука (МОН) на Република Македонија ги објавија резултатите од повторениот конкурс за сместување во студентски домови во Охрид и Битола.
Резултатите можете да ги видите ОВДЕ.
Согласно Конкурсот кој што беше претходно објавен, во охридскиот студентски дом „Никола Карев“ на располагање се 242 легла, од кои 48 за бруцоши и 194 за студенти од втора до четврта година. Претходно, сместување со партиципација обезбедија 24 бруцоши, 16 се ослободени од плаќање за сместување и партиципација, додека осум барања за сместување биле одбиени. (Крај)
извор: МОН фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |