ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Светската асоцијација за пливање на отворени води објави текст за рекордот на нашиот Марко Пејчиновски

Охрид, 11. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Марко Пејчиновски од 12-годишна возраст поставува рекорди во водите на Охридското Езеро во родната Македонија, објавија на официјалната страна на Светската асоцијација за пливање на отворени води (WOWSA).

– Помеѓу 27-ми и 28-ми август годинава, тој пливаше патека со должина од 63,84 километри од Охридското пристаниште до Струга, па до Свети Наум и назад до пристаништето во Охрид за време од 21 час и 41 минута со две застанувања од вкупно 9 минути и 46 секунди, објавија од асоцијацијата.

Повеќе за подвигот на Марко ОВДЕ.

извор: WOWSA/ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука