Градоначалникот Пецаков се сретна со новата американска амбасадорка Ангела Агелер
Охрид, 14. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Протоколарна средба, денеска, остварија охридскиот градоначалник Кирил Пецаков и новата американска амбасадoрка во Македонија, Ангела Агелер.
На средбата се зборуваше за предизвиците со кои се соочува Охрид, како и за чекорите кои се преземаат за надминување. Разговараа и за УНЕСКО, и зачувување на статусот на градот.
Американската амбасадорка истакна дека Охрид и градоначалникот ја имаат нејзината поддршка во насока на исполнување на чекорите за зачувување на статусот. Соговорниците разговараа и за изминатата туристичка сезона, како и за соработка во повеќе области. Беше разговарано и за соработка во реализацијата на заеднички проекти со Американската амбасада.
Амбасадорката Агелер изрази подготвеност да помогне во привлкувањето на американски инвестиции во градот. Градоначалникот и амбасадорката разговараа и за повеќе актуелни теми. Заеднички беше констатирано дека меѓусебната соработка ќе се унапредува.
Инаку, ова е прва официјална средба помеѓу градоначалникот Пецаков и амбасадорката Агелер. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |