Од јануари до септември Македонија ја посетиле над 780 илјади туристи, кои оствариле над 2,4 милиони ноќевања
Скопје/Охрид, 16. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во периодот јануари-септември оваа година во Република Македонија имало 781.630 туристи, а биле остварени 2.450.065 ноќевања.
Од вкупниот број на туристи, 362.807 биле домашни, а 418.823 странски. Домашните туристи оствариле 912.001, додека странските 1.538.064 ноќевања.
Според податоците од Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2022 година изнесува 103.787, од кои 32.9 % се домашни, а 67.1 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во овој месец изнесува 221.927, од кои 36.9 % се од домашните, а 63.1 % од странските туристи. Од странските туристи најбројни се од Турција, по што следуваат Србија и Полска.
Во периодот јануари-септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 37.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 4.3 %, а кај странските зголемувањето е за 88.2 %.
Во периодот јануари-септември 2022 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 21.3 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.4 %, а кај странските зголемувањето е за 76.2 %.
Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) велат дека ваквите бројки значат доближување до проекциите за годинава, остварување на 2,6 милиони ноќевања и продолжување на сезоналноста. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |