Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Супер радио и Be1 дел од екипата која го адаптираше видеото „Мојата мајка има МС“ за предизвиците и справувањето со МС

Скопје/Охрид, 17. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Ова емотивно видео, преку зборовите на десетгодишниот Марко, ни ги доловува предизвиците и справувањето со нив кога во домот еден од семејството е дијагностициран со хронична болест, порачуваат од Националното здружение за Мултипла склероза (МС) во пораката и на албанска верзија на видеото „Мојата мајка има МС“.

– Секогаш бидете внимателни, сочувствителни и полни со разбирање. Поддршката од блиските е од клучно значење, бидејќи можеме сѐ кога љубиме. Видеото „Мојата мајка има МС“ е промовирано во рамки на Националните денови на МС. Посебна благодарност на Андријана Николиќ за отстапувањето на можноста да го преведеме и адаптираме ова едукативно видео, порачаа од Националното здружение за МС.

Тие испратија благодарност до Армир Мустафа од Охрид за гласовното оживување на ликот на малиот Марко (херојот во приказната), како и огромна благодарност до охридското Супер радио и Be1 Digital Marketing кои ја изработија македонската и албанската верзија со комплетната аудио и видео обработка на спотот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука