Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Групација „Далма“ вработува: Потребни се готвачи и помошен персонал за работа во кујната на компанијата „Костал“

Охрид, 18. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Групацијата „Далма“ распишува оглас за вработување на готвачи и помошен персонал за работа во кујната на компанијата „Костал“.

– Најголемата компанија за фин и индустриски кетеринг, за својата подружница во Охрид има потреба од проширување на тимот. Бараме одговорни, доверливи и посветени професионалци, со или без работно искуство и желба за работа, а нудиме организиран превоз, топол оброк и регуларна исплата за работењето во трета смена, за време на празници и работа во недела согласно постоечките законски регулативи. Доколку барате работа во пријатно и стабилно работно опкружување со високи стандарди, каде постојат можности за постојан професионален напредок, ве охрабруваме да аплицирате и да станете дел од нашиот успешен тим, информираат од компанијата.

Закажете интервју на телефонските броеви: 02 6136 700 или 071 239 247. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука