Избор Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Приведен стружанец кај кого полицијата пронајде нелегално уловена јагула

Струга, 19. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 18-ти ноември 2022 година, во 22:30 часот, поради сторен прекршок по член 113 од Законот за риболов и аквакултура, во ОВР Струга приведен е 24-годишниот О.Д. од Струга.

– При преглед извршен на крајбрежјето на реката Црн Дрим во близина на Струга, полициските службеници пронајдоа и одзедоа торба, негова сопственост, во која имало уловена јагула. По целосно документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука