Доза убавина: Од нејзиното езеро, кон нејзиното Студенчишко блато (Фото)
Охрид, 19. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Читатели на OhridPress до нашата редакција испратија прекрасна фотографија од мала водна желка, како рано утрово ја преминува пешачката патека од езерото, кон блатото.
– Од нејзиното езеро, кон нејзиното Студенчишко блато. Ние го запоседнавме нивниот простор, пишуваат во пораката.
Уште една доза автентична охридска убавина, која мора да се сочува за идните генерации. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |