Охрид ТОП ВЕСТИ

Во Охрид денес променливо облачно време со врнежи од дожд и температура до 15. степени

Охрид, 20. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид денес променливо облачно време со локални врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне.

Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.

– Под влијание на циклонска активност денес и утре претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Поради заладување утре на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука