ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Јавна расправа за нацрт верзијата на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион

Охрид, 20. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Утре ќе се одржи јавната расправа за Нацртот на Стратегиски план за рехабилитација на природното и културното наследство на Охридскиот Регион.

Кон крајот на минатиот месец работна група формирана од Владата на Република Македонија изработи прва нацрт верзија на Стратегискиот план што е во согласност со Одлуката донесена на 44-та сесија на Комитетот на светско наследство одржана во Фужу, Кина во 2021 година.

Нацрт верзијата е објавена на веб страницата на министерството за животна средина и просторно планирање, а може да ја погледнете и ТУКА. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука