Изминатите 24 часа во Охрид наврнаа 2 литри дожд на метар квадратен
Охрид, 20. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), во текот на изминатите 24 часа во Охрид се измерени вкупно 2 литри дожд на метар квадратен.
До 08:30 часот утрово температурата во Охрид е 12 степени.
Во Охрид денес променливо се очекува облачно време со локални врнежи од дожд, кои попладне и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер, особено претпладне. Максималната температура ќе се искачи до 15. степени.
– Под влијание на циклонска активност денес и утре претпладне времето ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои попладнево и во текот на ноќта на повеќе места ќе бидат обилни (над 25 л/м2 за 24 часа). Локално ќе биде нестабилно со поинтензивен пороен дожд и грмежи (над 30 л/м2 за 12 часа), особено во југоисточните и источните делови од земјава. Повремено ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 км/час). Поради заладување утре на повисоките врвови на северозапад ќе врне снег. Нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда претпладне, информираат од УХМР. (Крај)
извор: УХМР фото: ОхридПрес
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |