Избор Култура Охрид ТОП ВЕСТИ

„Охрид во срцето на Истра“ – тема на трибината „Хрватско-македонски културни врски“ во Пула

Пула/Охрид, 20. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – „Охрид во срцето на Истра“ е тема на трибината „Хрватско-македонски културни врски“, која наскоро ќе се одржи во Пула.

Трибината е во организација на Заедницата на Македонците во Република Хрватска и Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, а ќе ја водат Габриела Давидовска- Баниќ и Сашка Соломоновска- Јаневска.

Ќе се одржи во петок, на 25-ти ноември 2022 година, со почеток во 19:00 часот во просториите на Македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ во Пула. Покровител на настанот е Советот на Националните малцинства на Република Хрватска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука