Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

ШК „Ласкер“ настапи на Екипните младински првенства во шах на Македонија

Скопје/Охрид, 21. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 19-ти и 20-ти ноември 2020 година, во ПСУ „Јахја Кемал“ во Скопје, се одржаа Екипните младински првенства во шах.

На првенството беа пријавени рекордни 240 деца од 13 шаховски клуба од Македонија во категориите: U08, U10, U12, U14, U16 и U18.

ШК „Ласкер“ од Охрид пријави две екипи и тоа во категориите U10 во состав: Хамза Мехмед, Мартин Серафимоски, Марко Попоски и Драган Анѓелески и U18 во состав: Константин Лушески, Никола Николовски, Михаил Николовски, Елена Лушеска и Емилија Лушеска.

Во категоријата U10 беа пријавени 10 екипи, се играше на четири табли по Бергер систем секој со секого, според конечниот пласман екипата на ШК „Ласкер“ од Охрид го освои 4 место.

Во категоријата U18 беа пријавени 7 екипи, кои беа поделени во две групи кои играа на четири табли по Бергер систем секој со секого, првите две екипи од секоја група, формираа финална група каде се одлучуваше конечниот пласман, според конечниот пласман екипата на ШК „Ласкер“ го освои 3 место.

Настапите на младите шахисти се финансиски помогнати од Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука