Мелбурн, 1. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Првиот ракет на светот Новак Ѓоковиќ беше подобар од Енди Мареј во четири сета 7-6, 6-7, 6-3, 6-0 и го освои по петти пат Отвореното првенство на Австралија.
Ѓоковиќ го освои првиот сет откако беше подобар во тајбрејкот со 7-5. Тој потоа поведе со 5-3, но допушти брејк и Мареј остана во игра. Вториот сет Шкотланѓанецот го започна со 2-0, но Ѓоковиќ успеа брзо да се врати во игра, да го израмни резултатот, а потоа и да поведе. Мареј повторно ја консолидираше својата игра и го доби следниот сет. Потоа Новак Ѓоковиќ доминираше тотално на теренот и не му даде шанса на Мареј, за кого ова е четврти по ред пораз во финалето на Мелбурн. Ноле пак ја забележа петтата победа во петтото учество на Australian Open. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива