ЕКОЛОГИЈА Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

МЖСПП: Изминатата недела, два дена во Охрид била надмината среднодневната концентрација на PМ10 честички

Скопје/Охрид, 21. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Изминатата недела, во периодот од 14-ти до 20-ти ноември 2022 година, во текот на два дена во Охрид била надмината среднодневната концентрација на PМ10 честички, покажуваат резултатите во неделниот извештај за квалитетот на амбиентен воздух, објавени од Министерство за животна средина и просторно планирање.

– Во приложениот извештај, дадена е анализа на среднодневните концентрации на PМ10 од Државниот автоматски систем за квалитет на амбиентен воздух. Од анализата се забележува дека среднодневната гранична вредност за суспендирани честички со големина до 10 микрометри РМ10 (50 микрограми на метар кубен) е надмината на мерните места Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче, Ректорат, Ѓорче Петров, Миладиновци, Битола 1, Битола 2, Гостивар, Кавадарци, Кичево, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Велес 2. Прагот на информирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 100 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата. Прагот на алармирање за РМ10 (2 последователни дена со среднодневни концентрации над 150 микрограми на метар кубен) не е надминат на ниту едно мерно место во државата, информираат од министерството.

May be an image of text that says 'државен автоматски мониторинг систем квалитет амбиентен воздух ректорат, охрид, анализа среднодневни концентрации на PM10 среднодневната гранична вредност суспендирани честички големина центар, карпош битола ,гостивар, кавадарци, миладиновци, пинелневна баба максимана среднодневни ректорат PM10 82.7 21.0 период 87.9 14.11-20.11.2022 60.0 кичево гранична вредност μg/m³ 22.5 лазарополе концентрации 83.3 3.6 наеднакалендар суспендираните загадувач струмица 7.6 75.4 41.2 ug/m² 0 140 здраве, бидеки дури претставуваат 128.2 концентрациите суспендирани земјата от надминуваат законодавството. главниот суспендирани честичкиегрееньетоводомакинствата. извори суспендирани 14/11/2022 15/11/2022 16/11/2022 17/11/2022 18/11/2022 19/11/2022 повеке информации на следниот 20/11/2022 надете http://air.moepp.gov.mk'

Додаваат дека подетални информации можат да се најдат на линкот. (Крај)

извор: МЖСПП фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука