Тактичко-показна вежба на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ кај комплексот „Инекс“
Охрид, 22. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Полициски службеници од Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ при Министерството за внатрешни работи, денеска кај комплексот „Инекс“ ќе реализираат тактичко-показна вежба.
– Во четврток и петок единицата „Тигар“, кај каналот „Студенчишта“ ќе ги спроведат завршните плански активности. Се работи за редовна вежбовна активност на Единицата во која ќе се вклучи и хеликоптерската единица на МВР, а целта е јакнење на професионалните компетенции на припадниците на Единицата за зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалот и подигнување на безбедноста на граѓаните и државата, информираат од СВР Охрид.
Упатуваат апел до граѓаните да ги почитуваат ознаките и натписите за забранет пристап, да не се задржуваат во безбедносните зони и целосно да се придржуваат кон останатите насоки на полициските службеници. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |