Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Општина Охрид овој октомври потрошила за 10% помалку струја во однос на истиот месец лани

Скопје/Охрид, 22. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид овој октомври постигнала заштеда на струја од 10% споредено со истиот месец минатата година.

Министерот за економија Крешник Бектеши ја презентираше анализата за заштеда на електрична енергија на сите органи на државната управа, државни институции и јавни претпријатија.

Согласно дадените препораки, охридската локална самоуправа е меѓу општините кои оствариле заштеда на електрична енергија.

Можно е да е слика од текст

– Од 81 општина, 65 општини постигнале заштеда од најмалку 15%, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50%. Вкупно 16 општини не постигнале заштеда од 15%, од кои само три имаат поголема потрошувачка во октомври 2022 година, споредено со октомври 2021, а останатите 13 општини имаат намалена потрошувачка, но не постигнале заштеда од 15%.

Според анализата од сите опфатени сегменти, на државно ниво остварена е вкупна заштеда од 24% на потрошувачката на електрична енергија.

Министерот Бектеши потенцира дека податоците за заштеда на електрична енергија, покажуваат дека доколку сме сите рационални и не трошиме беспотребно електрична енергија може да се направат големи заштеди.

Уште еднаш апелираше до сите компании и до граѓаните рационално да се користи електричната енергија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука