Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Средношколска крводарителска акција во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Охрид, 21. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Денеска ќе се одржи крводарителска акција во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“.

– Хуманата мисија продолжува. Оваа среда ги покануваме сите хумани средношколци од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ кои можат да даруваат да им помогнат со својата крв на оние на кои тоа им е најпотребно. Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост како граѓани на Охрид, порачуваат од охридскиот Црвен крст.

Крводарителската акција ќе се реализира во просториите на училиштето во периодот од 09:00 до 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука