Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Подготвителни активности за асфалтирање неколку улици во Долно Лакочереј

Охрид, 23. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во тек се подготвителни активности за асфалтирање на неколку улици во селото Долно Лакочереј, информира на својот Фејсбук профил охридскиот градоначалник Кирил Пецаков.

Според планот предвидено е асфалтирање на вкупна површина од 1.300 m².

Неодамна се работеше и во Горно Лакочереј, се асфалтираше во центарот на селото, околу училиштето и помали улички, при што беше асфалтираната површина е околу 1.000 m². (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука