Избор ОБРАЗОВАНИЕ Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Успешно завршија бесплатните обуки по прва помош во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца

Охрид/Белчишта, 23. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Успешно реализирани бесплатните обуки по прва помош, што од 20-ти септември до 20-ти ноември ги реализираа лиценцирани предавачи/демонстратори на Црвен крст Охрид во основните и средните училишта во Охрид и Дебрца.

Во рамки на националната кампања беа спроведени едукации во сите 9 основни и 4 средни училишта, а беа опфатени 973 ученици на возраст од 12 до 18 години.

– Првата помош е непроценлива животна вештина која децата треба да ја надоградуваат во текот на животот. Тематската област на едукациите вклучуваше обука за укажување на прва помош односно срцево-белодробно оживување (реанимација), задушување со страно тело, различни видови крварења, скршеници, изгореници и смрзнатини. Обуките беа проследена со големо внимание и заинтересираност од страна на учениците, информираат од охридскиот Црвен крст. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука