Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охридската цреша доби географска ознака и е единствен заштитен земјоделски бренд во Македонија

Скопје/Охрид, 23. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Земјоделската задруга „Охридска черешна“ е единствен производ кој ја доби географска ознака за сортата охридска цреша. Ова досега е прва и единствена постапка според Закон за заштита на македонските национални земјоделски производи кај нас.

Со донесувањето на Законот за квалитетот на земјоделските производи брендирањето го прави министерството за земјоделство, јави МРТ.

Во постапка за заштита на географското име се и неколку други производи меѓу кои „преспанско јаболко“, „буковска пипер“, „македонско јагнешко од праменка Овчеполка“, „Мариовски мед“, „мариовско биено сирење“, и „беласички костенов мед“.

Барање за заштита на некој бренд можат да поднесуваат само група на фармери или преработувачи кои се занимаваат со производство на ист земјоделски или прехранбен производ.

Со регистрирањето на производот со географско потекло или ознака за квалитет се врши негова заштита и може да се продава на странските пазари со препознатлив бренд, квалитет, поголема додадена вредност и цена.

Досега со Законот за индустриска сопственост први беа заштитени десетина други производи меѓу кои ориз, гразни. (Крај)

извор: МРТ/Методија Трајков фото: МРТ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука