Се реконструира повеќенаменското игралиште во Долно Коњско
Охрид, 23. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа активностите за целосна реконструкција на повеќенаменското игралиште во Долно Коњско, објави градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков.
– Согласно проектот предвидено е да се изврши целосна замена на заштитната ограда и да се изврши санација на спортските реквизити. Овие активности се резултат од постојаната комуникација што ја практикуваме со Охриѓани, додава Пацаков.
Вредноста на зафатите изнесуваат околу 230.000 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |