Избор Локална самоуправа

Реконструирани тоалетите во ООУ „Кочо Рацин“ во Долно Лакочереј

Охрид, 23. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Завршија работните активности за реконструкција на тоалетите во подрачниот училишен објект на ООУ „Кочо Рацин“ во село Долно Лакочереј.

– Извршена е нивелација на подовите во тоалетите, поставени се нови подни плочки, а се спроведе и демонтажа и монтажа на санитраните елементи, информираат од Општина Охрид.

Активностите се реализирани со средства од буџетот на Општина Охрид во рамки на Програмата за капитални инвестиции во областа на основното образование. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука