ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Повторно оштетен бугарскиот клуб „Цар Борис III“ во Охрид, имало и пукање со огнено оружје

Охрид, 23. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва, нешто пред 20:00 часот, било пријавено оштетување на бугарскиот клуб во Охрид „Цар Борис III“ во центарот на Охрид.

Порталот Охрид 1 објави дека дел од проектили од огнено оружје го оштетиле клубот, информација која била потврдена за порталот и од полициски извори.

– Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што е утврдено дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, изјавил портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за Ohrid 1. (Крај)

извор: Охрид 1 фото: Охрид 1

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука