ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

СВР Охрид: Со оружје е оштетено стакло на Здружението „Цар Борис III“ во Охрид

Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од СВР Охрид преку официјално соопштение информираат дека н 23-ти ноември 2022 година, во 19:12 часот во СВР Охрид било пријавено оштетување на стакло на канцеларијата на Здружението „Цар Борис III“, лоцирана на булевар „Македонски просветители“ во склоп на ТЦ „Амам“ во Охрид.

– Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што,  утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје, информираат од Секторот.

Ова е трет пат како се врши оштетување на овој објект. Пред само три дена беа искршени стаклата на влезот од просториите во кои се наоѓа клубот, а беше оштетена и светлечката реклама, која беше искршена и во претходниот напад.

Клубот „Цар Борис III“ беше отворен на 7-ми октомври 2022 година во Охрид од страна на Здружението кое го носи истото име, а беше формирано претходно. Истовремено со отворањето на клубот, пред просториите каде се наоѓа, беше организиран протест, кој помина без инциденти иако на моменти атмосферата беше тензична. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука