Забава Избор

Со „Романи“ ДНК го најавуваат големиот концерт на 3-ти декември во Скопје

Скопје, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Не, не ништо не, овие години не промениле, срце полно рани, рани, рани, рани, во душа празни страни, непишани романи…

Вака гласи рефренот од новата тема на ДНК, со наслов „Романи“, а со која момците го заокружуваат последниот студиски материјал „Дваесет“.

– „Романи’ е една убава љубовна тема. Метафорична приказна, несекојдневен спој и песна со неочекуван рефрен, нешто што ете го чувавме како последнo парче од приказната наречена „Дваесет“, албум што значи заокружување на овој наш 20-годишен јубилеј, велат Панчо и Андреј.

Темата „Романи“ е дванаесетто парче на албумот, што во продажба ќе го има на самиот концерт, а освен што дел од собраните средства ќе бидат насочени во хуманитарни цели, сите оние кои сакаат да имаат потпис и фотографија со Панчо и Андреј тоа ќе можат да го направат по завршувањето на концертот. Панчо и Андреј ќе останат во салата сѐ додека фановите тоа го бараат од нив. На материјалот уште се ставени и темите „Кога би знаела сѐ“, „Ромео и Јулија“, „Ние“, „Македонија на Европско“… Видеото за „Романи“ е снимено во Турција и е со потписот на Даниел Јовески.

Концертот „20 години ДНК“ ќе се одржи во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје на 3-ти декември 2022 година, а Супер радио и OhridPress се меѓу медиумските поддржувачи на настанот. Полни 30 години ја поддржуваме македонската музика, но и се’ што е наше, автентично – македонско. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука