Избор Култура ТОП ВЕСТИ

Утревечер филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски повторно пред охридската публика

Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На барање на публиката најновиот филм „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски, повторно на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Оние кои ја пропуштија премиерата повторно ќе имаат можност да го погледнат филмот утревечер со почеток во 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.
Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука