Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Никола Митровиќ- Бабе: Охрид е бајка која мора да се живее и традиција која мора да се негува (Видео)

Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Историчарот секогаш започнува од минатото и за него најинтересен е градот во кој живее – за мене Охрид, но погледнат низ очите на минатото, вели историчарот и архивист Никола Митровиќ- Бабе во интервјуто кое е дел од ноемвриското издание на „Охридските приказни“ во охридското „Форт кафе“.

– Охрид е бајка која мора да се живее и традиција која мора да се негува. Сепак, мора да повлечеме линија каде се движиме. Дали ќе ги почитуваме тие традиции и знаменитости, или ќе се движиме кон еден сосема друг правец. Јас сум за зачувување на она што претставува историски континуитет, но мора да разбереме дека живееме во едно современо време каде мора да размислуваме и за поинаков принцип на посета на Охрид. Затоа за мене Охрид е вакуум на сегашноста, минатото и иднината, вели Митровиќ- Бабе.

Тој додава дека пренесувањето на историјата, културата и традицијата на помладите генерации, кои треба да ја пренесат натаму, навистина претставува нешто што е најзначајно и мора да продолжи во континуитет.

– Тоа е така, затоа што значењето на Охрид е огромно, и Охрид е градска приказна, потенцира историчарот и архивист Никола Митровиќ- Бабе во интервјуто кое е дел од ноемвриското издание на „Охридските приказни“ во охридското „Форт кафе“.

Од „Форт кафе“, местото кое покрај неповторливиот амбиент и поглед кон Охрид, се’ повеќе се издвојува со навистина посебната и карактеристична понуда, испраќаат покана за уште една „дружба“, која е закажана за вечерва од 19:00 часот.

– За Охрид каков е каков го паметиме и каков сакаме да биде. Вечерва од 19:00 часот, Ве очекуваме во Вашето „Форт кафе“, Ве очекуваме на најубавите „Охридски приказни“, з’ш Охрид е градска приказна, потенцираат од кафе барот.

„Охридските приказни“ се ново дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: Супер радио и Be 1 Digital Marketing

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука