Економија Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Повторно поевтинување на нафтените деривати од полноќ

Скопје/Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Од ноќеска на полноќ повторно намалување на цените на нафтените деривати.

Согласно последната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, цените Еуродизел (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2 денари. Цените на Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат непроменети, додека цената на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,263 ден/кг.

• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 денари/литар
• Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 денари/литар
• Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88 денари/литар
• Масло за горење – Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 83,50 денари/литар
• Мазут М-1 НС – 41,783 денари/килограм. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука