Избор Локална самоуправа Спорт ТОП ВЕСТИ

Градоначалникот Пецаков се сретна со дел од кошаркарите и претставници на ГКК „Охрид“

Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Градоначалникот на Охрид д-р Кирил Пецаков денеска оствари средба со дел од кошаркарите и претставници на Градскиот кошаркарски клуб „Охрид“.

– На средбата разговаравме за тековните натпреварувања и успесите кои ги постигнуваат. Во знак на благодарност за личната сорабтока која што ја имаме и соработката со Општина Охрид ми беше врачен дрес. Нашата замисла е континуирано вложување во спортот со цел градење на здрави навики кај младите и децата, порача Градоначалникот Пецаков по средбата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука