
Билтен на СВР Охрид: Протеран албански државјанин кој со тврд предмет повредил жена во селото Лескоец
Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – На 23-ти ноември 2022 година, во 11:10 часот во СВР Охрид приведен е 32-годишниот У.Ш. од Корча, Република Албанија.
– Тој, претходно, во куќа во охридското село Лескоец, сопственост на лицето С.В., агресивно се однесувал по што фрлил тврд предмет кон неговата сопруга и ја повредил. По поднесена пријава, од страна на Основниот суд во Охрид изречена му е мерка „протерување на странец од земјата“ во траење од две години, по што е споведен до граничниот премин „Ќафасан“, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |