Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Кривични за две лица од Скопје кои нападнале повозрасни луѓе во Охрид и им украле пари

Охрид, 24. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС)-  СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот Е.Д. и една година помладиот Џ.И., двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба“ и „разбојништво“.

– Тие, кражбата ја извршиле на 01 ноември 2022 на улицата „Абас Емин“ во Охрид, кога од повозрасен жител на Охрид одзеле паричник со 18.000 денари. Следниот ден, на улицата „Кирил и Методиј“ во Охрид, пријавените физички нападнале повозрасна жена од Охрид и ѝ одзеле чанта со 9.500 денари, личен предмет и документи, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука