Избор Култура ТОП ВЕСТИ

„Кајмак“ на Милчо Манчевски вечерва повторно пред охридската публика

Охрид, 25. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) –  Најновиот филм „Кајмак“ на режисерот Милчо Манчевски, на барање на публиката, вечерва повторно на кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Оние кои ја пропуштија премиерата, вечерва повторно ќе имаат можност да го погледнат филмот со почеток во 20:00 часот, а цената на влезниот билет е 150 денари.

„Кајмак“ е црна комедија (или среќна трагедија) за две семејства кои се пристојни на почетокот, а среќни на крајот. Филмот на Манчевски е безмилосна критика на малограѓанското лицемерие и апотеоза на индивидуалната слобода.

Во филмот играат глумците Сара Климоска, Камка Тоциновски, Александар Микиќ, Симона Спировска, Ана Стојановска, Филип Трајковиќ, Петар Мирчевски, Сашка Димитровска, Лазе Манасковски, Јасмина Василева, Дејан Лилиќ, Елена Кузманов, Крсте Роџевски, Ратка Радмановиќ, Ана Димитрова, Никола Ристески, Ангела Димитрова, Соња Михајлова, Александра Пешевска, Ѓорѓи Јолевски, Љиљана Богојевиќ, Сара Станиќ и други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука