Избор Култура Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Годишен концерт „Sound of Egypt“, се негуваат културата, традициите и обичаите на Египќаните во Охрид

Охрид, 27. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, синоќа се одржа годишниот концерт „Sound of Egypt“.

Во име на Општина Охрид, на настанот присуствуваа градоначалникот д-р Кирил Пецаков и секретарот Александар Китески.

May be an image of 3 people, people standing and indoor

– Големо задоволство ми причинува што Охрид беше домаќин на овој прекрасен културен настан преку кој доаѓаат до израз нашите заеднички заложби за негување на културата, традициите и обичаите на Египќаните. Тие се важна алка во градење на соживот и меѓусебно почитување и разбирање во општеството. Мултикултурализмот и еднаквоста треба да бидат важен приоритет во нашето секојдневно делување, а унапредувањето на правата на египќаните наша заедничка цел и предизвик.Сите сограѓани независно од верска, етничка или расна припадност се рамноправни и еднакви за мене. Битен е човекот, неговата добронамерност и вредностите кој тој ги негува, а се во насока на општествен развој и напредок. Затоа и понатака ќе работиме на зајакнување на економската и социјалната вклученост на Египќаните во секојдневните општествени текови, порача градоначалкникот ПЕцаков пред присутните. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука