Обид за убиство во Велешта, со пушка пукал во соселанецот поради нерасчистен долг
Струга, 29. ноември 2022 (ОХРИДПРЕС) – ОВР Струга поднесе кривична пријава против 53-годишниот И.Ќ. од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.
– Тој, на 25-ти ноември 2022 година, во куќа во Велешта се сретнал со Б.Д. од истото село и по меѓусебна расправија околу нерасчистени долгови, со пушка пукал кон Б.Д. нанесувајќи му тешки телесни повреди, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |