Избор Локална самоуправа ТОП ВЕСТИ

Заврши изградбата на пристапната патека за учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“

Охрид, 1. декември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Завршија активностите за поплочување на пешачката патека што води кон ОУ „Св. Климент Охридски“ непосредно над Горна порта.

Патеката е во должина од 45 метри, а покрај неа се изгради и потпорен ѕид. Поплочувањето е направено со камени плочки автентични за Стариот дел на градот, напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков.

Можно е да е слика од надвор

Можно е да е слика од дрво, надвор и ѕид од тули

Преземените активности се во рамки на договорот за уредување и поплочување на пристапни пешачки патеки и улички на територија на Општина Охрид. Вредноста на договорот изнесува 2.400.000 денари, средства од буџетот на Општина Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука